–

Full citation – Référence complète:
Ковачева, Л. “Psychopathia sexualis и промискуитетниот начин на живеење кај старите Грци”. Živa Antika / Antiquité Vivante 75.1-2 (2025), pp. 325–334.
DOI: https://www.doi.org/10.47054/ZIVA251-2325k
Download this article – Téléchargez cet article
Апстракт. – Толерирањето на сите форми на сексуалната активност и промискуитетниот начин на живот кај Старите Грци ни се многу добро познати од митолошките прикази и философски размисли за нивните ставови и преференции, преточени во старогрчката литература и уметност. Изворите ни предочуваат дека Старите Грци, покрај хомосексуализмот и трибадизмот, во сексуалниот живот оделе до перверзија, т.е. сексуални феномени групирани под името psychopathia sexualis. Иако Филострат го сметал промискуитетниот начин на живот за правилен тип на однесување, сепак, несомнено е дека ваквиот начин на живот содржи аморално/девијантно сексуално однесување, кое во себе, покрај прељуба, секс во тројка, секс на јавно место итн., ги вклучува и следниве видови psychopathia sexualis: мискоскопија (воајеризам), трансвестизам, егзибиционизам, пигмалионизам, флагелација, садизам, мазохизам или фетиш, зоофилија (содомија), некрофилија. Оттаму, овој труд има двојна цел: од една страна да ги истражи различните форми на сексуалните перверзии со осврт на нивните митолошки прикази и културолошки значења во старогрчката литература и митологија, а од друга страна, да покаже дека и покрај нивната девијација и екстремност, овие феномени често имаат симболичка или ритуална улога, откривајќи комплекси односи помеѓу сексуалноста, моќта и религиозноста во античката култура и религија, па оттаму да се овозможи подобро разбирање за историјата на сексуалните перверзии и нивното место во културното наследство, но и во човечката психа.